За да го одбележи октомври како месец посветен на борбата против ракот на дојка, шпанскиот бренд за долна облека „воман сикрет“ (women’secret) ќе спроведе акција под мотото „Women’secret и вие во борба против ракот на дојка“.
Во рамките на оваа акција со купување на кој било производ од брендот од 15 октомври до 15 ноември 2013 година, купувачите ќе донираат средства за организацијата за борба против ракот „Борка“. Исто така, во продавницата на „воман сикрет“ во „Скопје сити мол“ ќе биде поставена и кутија за донации.
Собраните средства од акцијата ќе бидат наменти за купување помагала кои им се потребни на жените заболени од оваа болест, како што се специјални медицински градници, перики и сл.
Како дополнителен чекор во месецот посветен на борбата против ракот на дојка, „Воман сикрет“ ја лансира и првата колекција градници за жени кои поради болеста имале оперативен зафат на градите (масектомија) за да продолжат да се чувствуваат женствени и од внатре и од надвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.