| четврток, 6 декември 2018 |

Допингот ги врти велосипедите, по Армстронг и Расмунсен призна дека користел стимуланси

Допингот зема огромен замав во светот на велосипедизмот, а по Ленс Арсмтронг користењето на забранети супстанци го призна и Данецот Михаел Расмунсен. Сега 38-годишниот Расмунсен призна дека долго се допингувал, од 1998 година.

-Признавам дека лажев и подготвен сум да се соочам со последиците. Конечно ќе ми падне огромен товар од грбот, и нема повеќе да се мамам и самиот и сите останати во светот на велосипедизмот. Се повлекувам и радосен сум што не морам повеќе да бидам измамник – изјави Расмунсен.

Во договор со анти-допинг агенциите на Данска, САД, и Холандија, како и со светската организција за анти-допинг, Михаел ќе проговори за допингот во светот на велосипедизмот. Најавено е дека тој ќе ги открие и останатите велосипедисти што користеле забранети стимуланси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top