| четврток, 6 декември 2018 |

Брејвик: Ме тераат да се самоубијам

Norway Breivik verdict

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик поднел жалба до норвешката полиција во која тврди дека е изложен на тортура во затворот.

– Брејвик верува дека се обидуваат да ја направат неговата ситуација целосно неиздржлива и да го изложат на притисок да изврши самоубиство, изјави неговиот адвокат Торд Јарет.

Тој, како што јави дописникот на МИА, за норвешките медиуми изјави дека Брејвик смета и оти му е ограничена слободата на изразување.

– Не му се дозволува да дискутира за својата идеологија со други, вели Јарет.

Од јули 2011 година Брејвик се наоѓа во изолација во затворска ќелија со три соби од по осум квадратни метри.

Во терористичките напади и масакрот што Брејвик во јули 2011 година ги изврши во Осло и на островот Утоја, животите ги изгубија 77 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top