| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ солиден, Атланта без компас

Во пријателските натправари од претсезоната во НБА-лигата, екипата на нашиот кошаркарски репрезентативец и капитен Перо Антиќ, Атланта, вечерва загуби од тимот на Њу Орлеанс со високи 32 коша разлика (105-73). Антиќ солидно го одигра натпреварот и постигна шест поени за 15 минути игра. Тој за својот клуб погоди две тројки од три обиди и еднаш беше непрецизен за два. Да му посакаме поголеми успеси со Атланта и уште подобри бројки зад неговото име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top