| четврток, 6 декември 2018 |

Американската војска размислува да создаде бомба што ќе ги направи непријателите хомосексуалци

pederski vojnici

Рајт лабораторијата, која е дел од воздушните сили на САД, во 1994 година доставила предлог за создавање на „геј бомба“.

Документацијата до која дошла „Sunshine Project“, невладина организација која се противи на употребата на хемиското оружје, открила дека Рајт лабораторијата со предлогот на три страници, барала шестгодишна донација од 7,5 милиони долари за создавање на голем број на „несмртоносни оружја“.

Проектот бил наречен „Хемикалии за вознемирување, нервирање и идентификација на лошите момчиња“. Предлогот бил да се создаде „бомба со хемикалија што од непријателските војници би направила хомосексуалци“. Тоа би довело до распадот на нивните единици бидејќи војниците би почнале меѓусебно да се привлекуваат.

Лабораторијата бил позната по слични, неретко спорни, идеи како што се бомби со лош здив или бомби за привлекување опасни инсекти, така што Пентагон проектот го проследил до најголемите научни авторитети во земјата на проучување – во Американската академија на науките.

За овој проект, Рајт лабораторијата во 2007 година ја добила и наградата „Иг Нобел“ за мир, како забавна верзија на Нобеловата награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top