Премиерот Груевски денеска заедно со министерот за здравство Никола Тодоров ја промовираа новата медицинска опрема во скопската Градска општа болница “8 Септември“.
Во Градската опште болница „8 Септември“ е набавена нова медицинска опрема вредна 800 илјади евра. Се работи за насовремени апарати, кои дел ги нема во регионот, изјави денеска премиерот Никола Груевски, по посетата на болницата.
“Ја посетивме градската општа болница 8 септември каде што е набавена нова опрема вредна 800 илјади евра , се работи за седум значајни нови апарати , апарати за различни интервенции, како гастроскопија, колноскопија, бронкоскопија, апарати за правење на различни испитувања на мозокот и на крвните садови и за испитување на мускулите и нервите. Се работи за најсовремени апарти, дел од нив ги нема во регионот, или најблиско ги има во Љубљана ли Виена. Тоа е една додадена вредност на оваа болница и на нашата држвата. Многу луѓе ќе бидат третирани соодветно, ќе им биде помогнато за навремено дијагностицирање и побрзо оздравување. Се работи за дел на големиот проект на Владата за набавка на најсовремена медицинска опрема за македонските болници и клиники вреден 100 милиони евра . Овие 800 илјади евра се дел од таа опрема, до сега овде беше извршена набавка на соовремени апарати. Можам да кажам дека оваа болница стана една од најопремените и може да го замени функционирањето на различни делови на клиничкиот центар, затоа што во многу сегменти е опремена како клиничката болница. Ке продолжим е со набавка на нова опрема и обука на лекарите затоа што и тоа е битно. Една ваква комбинација, најсовремена опрема и сериозни обуки на лекарите , како и проектот од 100 милиони евра за реконструкција е рецепт кој помага да се доближи македонското здравство , М ке биде држава која ке предничи во делот на медицината “ изјави Никола Груевски, премиер на Р. М
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии