| четврток, 6 декември 2018 |

Пет скопски општини денес без струја до 14 часот

Дел од општините Кисела вода, Ѓорќе Петров, Шуто Оризари и Сарај, во петок до 14 часот ќе бидат без струја, а во Сарај нема да работата ни пумпите, што значи граѓаните ќе останат и без вода.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните дека во петок, без напојување со електрична енергија ќе останат: корисниците од ул. „Христо Татарчев” (поранешна „Сава Ковачевиќ”) бр.91Б во Општина Кисела Вода во периодот од 9 – 13 часот.

Од 9.15 – 12 часот, струја нема да имаат ниту корисниците од дел од ул. „Георги Газепов” од бр.1 до бр. 27 и ул. „4 Јули” од бр.80 до бр.99 во Општина Ѓ.Петров.

Од 10 – 13 часот, корисниците од ул.„Злетовска” , ул.„Виетнамска” , ул.„Нов Живот” и ул. „Дримска”, во Општина Шуто Оризари, ќе останат без струја.

Без електрична енергија ќе бидат и корисниците од населените места, села Раовиќ, Паничари, Љубин, Кондово, Шишево, Горна Матка, Долна Матка, Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, Арнакија, Семениште, Буковиќ, Ласкарци, Кучково, Грачани, Крушопек, Грчец, Глумово, Сарај, Шишево , Радуша и Дворце, во Општина Сарај во периодот од 11 до 14 часот.

И жителите на ул.„Шарпланининска” од бр.53 до бр.77. во Општина Ѓорче Петров, во период од 12.30 – 14 часот, в петок се без струја.

Поради немење електрична енергија во реонот на општина Сарај од Ј.П. Водовод и канализација-Скопје известиле дека во петок од 11 до 14 часот, поради најавен прекин на снабдувањето со електрична енергија (од страна на ЕВН), нема да работат пумпните станици и ќе има и прекин на водоснабдување за следните населени места:Сарај,Љубин, Глумово, Шишево, Грчец, Долна, Матка, Горна Матка, Арнакија.Кондово (високата зона), Медресата и Факултетот во Кондово, Долно Свиларе, Рашче, Бојане, Копаница и др. (општина Сарај).

Виталните објекти за снабдување со вода на градот Скопје , (Каптажата Рашче и Хлоринаторската станица Кондово) , ќе работат на резервно напојување со дизел-електро агрегати и нема да има прекин на работата./крај/со/бб

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top