Повеќе од една милијарда луѓе од светската популација се лица со извесна попреченост и најчесто како последица од катастрофи, овие лица сочинуваат висока бројка на настрадани или повредени. Токму затоа, одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13 октомври, на глобално ниво оваа година е со мото „Попреченоста не нè спречува да бидеме подготвени“.
Во рамките на активностите за тематското одбележување на овој меѓународен ден за намалување на ризици од катастрофи, Центарот за управување со кризи, Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), подготвија серија активности мотивирани од фактот дека „Вклученоста спасува животи и таа овозможува лицата со попреченост да се подготвени за сопствената безбедност, а со тоа и за безбедноста на заедницата“.
Заради почетна практична поддршка на оваа кампања се предвидува спроведување на повеќе активности во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје. Ќе бидат изготвени материјали кои ќе им овозможат на лицата без вид и на слабовидните лица обука за справување со различни кризни состојби.
Изготвувањето на прирачници со браево писмо и со текстови прилагодени за слабовидните лица се одвива во соработка со стручен персонал (дефектолози) од училиштето „Димитар Влахов“ во Скопје. За најмалите ученици со пречки во видот ќе бидат изработени и соодветни боенки кои ќе им помогнат да научат како да постапуваат во такви ситуации.
Се планира адаптирање на видео игра која се користи како помошно средство во редовните училишта, во рамките на реализацијата на наставните содржини од предметот “Вештини на живеење”, преку која учениците по пат на игра ги учат чекорите и постапките кои треба да ги превземат во случај на итна состојба предизвикана од настанување на пожар, поплава, земјотрес или друга непогода.
Поголемиот дел од планираните активности се очекува да бидат завршени до 8-ми ноември, патрониот празник на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, и истите да бидат промовирани во рамките на поширокото одбележување на тој повод.
Овогодинешното мото „Попреченоста не нé спречува да бидеме подготвени“, испечатено и со браево писмо, се наоѓа и на постерот изготвен по повод одбележувањето на 13 октомври, Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи.
Центарот за управување со кризи, Министерството за образование и наука и УНДП, во соработка со надлежните институции и установи, планираат продолжување на соработката за подготвување и на други категории лица со попречености за справување со катастрофи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст