
Четири од десет жени сакаат повеќе да го поминуваат времето со своите пријателки отколку со своите сопрузи – велат резултатите од едно неодамна спроведено истражување во Велика Британија.
Одењето на шопинг, зборувањето за диети, деца, мода, секс и озборувања, во сето ова жените уживаат и затоа претпочитаат повеќе да се дружат со пријателките, отколку со своите сопрузи со кој имаат различни интереси.
Четири од 10 жени признале дека им е попријатно да бидат со пријателките отколку со сопругот.
-Таа е поинтересна, а можеме и да озборуваме- признале некои од испитаниците.
Според Дејли Маил 46 отсто од поубавиот пол мислат дека жените се подобро друштво од мажите и дека повеќе сакаат женско друштво отколку машко.
За повеќето жени, многу полесно е да се зборува за „сериозни проблеми” со своите пријателки отколку со својот сопруг.
Секоја петта жена дури изјавила дека пријателката покажува поголем интерес за нејзиниот живот отколку човекот со кого се омажиле, а 38 отсто од испитаниците признале дека преферираат да бидат сами со своите пријателки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


