| четврток, 6 декември 2018 |

Да се заштитиме од есенските настинки

Веќе се чувствува доаѓањето на есента деновиве. Се повеќе имаме облачни денови, а утрата се доста посвежи. Преоѓањето од едно во друго годишно време представува шок за организмот. Нашиот имунитет во овој дел од годината работи под полна пареа за да не заштити од есенските настинки. Не е на одмет да му помогнеме во таа борба. Еве како:

Продолжете со вежбањето на отворено

Ако во лето вежбањето најчесто е од естетски причини, сепак има многу повеќе од тоа во физичката активност. Затоа вежбајте и во есен и не барајте изговори во тмурното време за да го избегнете вежбањето. Вежбањето од еден час дневно ја подoбрува циркулацијата на крвта во телото, особено во органите за дишење, а со тоа се создава бариера за настинките.

Свежо овошје и зеленчук

Есента е секогаш полна со најразновиднo овошјe и зеленчук. Искористете го моментот да консумирате свежа и необработена храна. Зеленчукот и овошјето кои сега ни се достапни го стимулираат размножувањето на белите крвни зрнца, кои пак го зајакнуваат имуниот систем. Не заборавајте на лукот! Иако можеби има непријатен мирис, лукот и понатаму е еден од најдобрите природни антибиотици.

Одморете
Стресот на работното место го намалува имунитетот! Затоа одморете го телото. Одморот исто така го зајакнува имунитетот. Одморот не секогаш значи само спиење. Топла купка или пак прошетка во природа имаат прекрасен релаксирачки ефект. Одмореното тело подобро се соочува со стресот.

Потребна е посебна нега и на вашето лице. Што треба да сторите за вашето лице да биде свежо и убаво во есен?

Извор: Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top