| четврток, 6 декември 2018 |

Херберт Чавез влезе во Гинис: со 19 пластични операции стигнал до ликот на Супермен

Во јуни годинава филипинецот Херберт Чавез влезе во Гинисовата книга на рекорди како лице со најмногу Супермен-меморабили, со дури 1.253 примероци, чија колекција до ден денеска порасна на уште пет илјади.

Филипинецот Чавез во последните 16 години потрошил околу 7 илјади долари и направил 19 пластични операции за да го добие изгледот на неговиот омилен филмски лик, Супермен.

-Се чувствувам како херој кога ќе го облечам костимот. Мојата мисија е да ја вратам насмевката на лицата на децата во мојот град, а не да бидам херој кој ќе го спасува светот- изјавил Чавез.

Филипинецот сам ги правел неговите костими, а во брзо време планирал и нова операција за буквално да стане двојник на неговиот посакуван филмски лик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top