| четврток, 6 декември 2018 |

Во пресрет на зимата: загрижувачки 75% од Македонците се греат на струја

Неофицијалните податоци се дека дури 75% од граѓаните во земјата се греат на струја што за познавачите е загрижувачки многу и скапо.

-Ние постојано апелираме на енергетска ефикасност. Трендот на потрошувачка на струја расте и неопходно е максимално да се штеди. Не е проблем што се зголемува потрошувачката, бидејќи струјата ќе се увезе, но спорно е што никаде во светот струјата не се користи за греење. Ако не се сметаат околу 50 илјади жители на Скопје корисници на парно греење и мал број на оние што користат дрво како огрев. Нон сенс е тоа што се случува, од една топлана да правиме електрична енергија и таа електрична енергија повторно ја враќаме во топлинска енергија, коментира за Дојче веле Ленче Карпузовска, портпарол на ЕВН Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top