| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со нова победа, но со голема мака

Новак Ѓоковиќ се измачи во натпревар со Францускиот тенисер Гаел Монфилс во четвртфиналето на турнирот во Шангај, откако претходно тој истиот го елиминираше Швајцарецот Роже Федерер. На крајот Ѓоковиќ славеше со 2-1 во сетови и се пласира меѓу четворицата најдобри

dzokovic

Монфилс го доби првиот сет во тајбрејк и играше одличен тенис, меѓутоа во вториот сет Ѓоковиќ заигра според очекувањата и го комплетираше со 6-2.

Во решавачкиот трет сет, Монфилс даде силен отпор до петтиот гем, имаше водство од 3-2, но потоа Новак Ѓоковиќ го засили темпото, успеа да направи серија од 13-3 во поени, го одзема сервисот на противникот и на крајот победи со 6-4. Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Французинот Жо Вилфрид Цонга.
Во наредното четвртфинале на турнирот во Шангај, што почнува веднаш по дуелот меѓу Ѓоковиќ и Монфилс, силите ќе ги одмерат Рафаел Надал и Станислас Вавринка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top