| четврток, 6 декември 2018 |

Матичните лекари во селата мора да имаат дефибрилатор

gruevski mediumiНие донесовме законски измени со кои задолживме компании кои имаат над 100 вработени, да мора да имаат дефрибрилатори, но посетувајќи многу рурални населби низ државата ова лето, забележавме дека има многу места кои во близина немаат дефибрилатор. Многу села со до 5 илјади жители немаат таква опрема и многу луѓе умираат додека пациентот биде донесен до најблиската здравствена установа, потенцираше премиерот Никола Груевски.

-Вообичаено, во селата кога некој ќе добие инфаркт болните ги носат кај матичните лекари, но може да има и 20 лекари, ако нема дефибрилатор, животот нема да може да му биде спасен. Донесовме одлука, државата ќе помогне, да се набават дефибрилатори кај сите матични лекари во руралните средини. Така, тие ќе ги купат апаратите, а парите што ќе ги дадат ќе им бидат одбивани од закупнината која месечно ја плаќаат за користење на државниот простор, така што секој кој ќе обезбеди дефибрилатор, во следната година или две ќе биде ослободен од плаќање на закупнина и на тој начин ќе си ги компензира средствата. Што е најважно, лекарот и жителите во руралните средини ќе добијат апарат кој во иднина ќе им ги спасува животите- додаде Груевски кој објасни дека тој апарат може да се користи и од луѓе кои не се медицински лица, со неколкучасовна обука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top