| четврток, 6 декември 2018 |

Јужнокорејци се шампиони во пластични операции

Korean_youth_fear_eating_alone-topImageЈужнокорејци се шампиони во пластични операции, покажува новото истражување.

Луѓето во азиската земја се подложени на најмногу интервенции по глава на жител, еден од 77 луѓе легнува под нож. Следат Грција, Италија, САД, Колумбија, Тајван, Јапонија и Бразил. Податоците на Меѓународното здружение на естетска пластична хирурзи (ISAPS) покажуваат дека во 2011 година 15 милиони луѓе во целиот свет се обратиле кон пластичната хирургија, за да го подобрат својот изглед.

Иако популарноста на пластична хирургија во Јужна Кореја е изненадување за многумина, всушност индустрија во земјата цвета. Минатата година 20 отсто од жените на возраст меѓу 19 и 49 години во главниот град Сеул признале дека легннале под нож.

Една од најпопуларните хируршки процедури е операцијата за двоен капак со која се намалува вишокот кожа на врвот на очниот капак за да изгледаат очите поголеми и да личат повеќе на западниот тип очи. Се смета дека растот на музичката индустрија во земјата е основа на бумот на пластичните операции и многу пациентки пристигна во клиниките со слики на познати личности и со молба кон хирурзи да им направат американски носови или очи.

Истражувањето меѓу 20 000 пластични хирурзи покажало исто така регионални варијации на популарноста на различни видови процедури. Бразил, позната по плажите, е земја со најмногу операции за намалување на градите кај мажите и за поставување на импланти на задникот кај жените. Операциите на носот се најпопуларни во Кина, Јапонија и Јужна Кореја, а овие држави се рангирани во топ пет на земјите со најголема популарност на пластиката.

Најмногу импланти на градите ставаат жените во САД, следат Бразил, Мексико, Италија и Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top