Новоизбраниот конгресмен вчера на средбата со Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон најави дека ќе влезе во групацијата составена од конгресмени од двете партии. Неговата изборна единица ги покрива Форт Мајерс и Нејплс, каде што Македонија го именува бизнисменот Лу Влашо за почесен конзул, кој придонел за приклучување на конгресменот Радел кон македонската група во Конгресот.- Бидејќи македонската заедница во Флорида расте, особено во Нејплс, конгресменот Радел ќе овозможи гласовите на овие американски Македонци да бидат претставени во политичкиот врв во Вашингтон. Во пресрет на самитот на НАТО во 2014 година, македонското членство во НАТО и проширувањето на НАТО во целина треба да се вратат на листата на приоритетите на американската администрација кон Балканот – оцени претседателот на ОМД, Методија Колоски.

Конгресменот Радел е член на влијателната Комисија за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот.