Велешката полиција денеска извести дека вработените во шумското стопанство „Бор“, кај месноста позната како Трибор, на планината Кожуф, откриле затруени диви животни. Отровот бил поставен во мамки со затруено месо.
– Од затруените животни можат да се затрујат и други животни и птици во синџирот на исхрана на животинскиот свет – вели Томе Лисичанец, познат екологист од Кавадарци и претседател на Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од овој град.
Стојковска посочи дека се работи на случајот, се преземаат мерки за негово расчистување, а инспектори на полицијата денеска вторпат се на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.