| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарна забрана во фудбалот

Фудбалските клубови имаат долга историја во поставување разни правила за своите играчи, како забрана за секс или консумирање алкохол ноќта пред натпреварот.

Меѓутоа апстинирање од играње видеоигри е нешто ново. Тоа му се случи на тимот од англиската трета лига Лејтон Ориент, кој е без пораз на 10 натпревара.

-Во автобусот има стол за масажа, апарат за кафе и ТВ „Скај’, но највозбудливата работа на играчите е „плејстејшн 3“. Повеќе пати момците играат „Фифа 2014“ против тимот со кого треба да играат наредниот ден. Меѓутоа одборот одлучи дека нема играње на денот од натпреварот бидејќи мислат дека фудбалот на видеоигри не води кон добра игра во реалноста- вели портпаролот на Лејтон Џони Дејвис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top