| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од најбогатите луѓе на светот банкротираше за само една година

eike_batista61_0

Бразилскиот милијардер Еике Батиста, кој до лани важаше за еден од најбогатите луѓе на светот, денес е на раб на банкрот. Бизнисменот успеал за една година да загуби дури 99 проценти од богатството, кое се проценуваше на 34,5 милијарди долари.

Батиста првиот милион го заработил на 24 години со откупување злато. Оттогаш се сметало дека сѐ ќе му оди како подмачкано во животот. Од бизнисот со злато се префрлил во трговијата со нафта, енергија и јаглен. Тврдел дека ќе стане најбогатиот човек на светот и не бил далеку од замислата – минатата година се нашол на седмата позиција на најбогати.

А, потоа сѐ тргнало наопаку.

Инвестициите на странските инвеститори не се исплатувале, производството паднало, а инвеститорите си ги барале парите назад. Неговата компанија е пред колапс, а другата компанија преку која тргува со нафта, исто така, е пред банкрот.

Батиста бара од кредиторите да го реструктуираат неговиот долг поголем од 3 милијарди долари и дополнително да вложат во неговата компанија за да му дозволат да го шири своето царство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top