| четврток, 6 декември 2018 |

„Монструм“ повторно тема во Собранието

„Монструм“ да се остави надвор од политиката и да не се употребува за дневно-политички поентирања, повторно апелираше до пратениците Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на седницата посветена на пратенички прашања

29.10.sobranie111Случајот е сега во една многу сензитивна фаза, се изведуваат клучните докази, а Судот ќе донесе одлука според доказите, додаде Јанкуловска. Таа апелираше да не се прават притисоци врз Судот и да се има трпение оваа институција да се изјасни по однос на овој случај.

Полицијата нашла докази кои веќе се предадени во постапка, а факт дека обвинителството ги прифатило доказите, укажува дека обвинувањата на пратеникот Беким Фазлиу не кореспондираат.

По спроведувањето на активностите поврзани со приведување, како што додаде Јанкулоска, биле спроведувани низа истраги внатрешно во МВР, како и од други организации, но не било утврдено никакво пречекорување на овластените стандарди.

Во прилог на тоа, министерката посочи и дека до соодветните органи не била поднесена никаква претставка во која биле наведени аргументи за нарушувања на човековите слободи и прави.

Јанкулоска порача дека нема да се впушти во јавно дискутирање на доказите и дека следејќи ја динамиката на одвивање на судскиот процес, може да се очекува дека судот во разумен рок ќе излезе јавно со одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top