| четврток, 6 декември 2018 |

Се продаваат реквизити од „Господар на прстените“

Реквизити од снимањето на трилогијата на „Господар на прстените“ се понудени на аукција во Лос Анѓелес. Меѓу работите за кои ќе се наддаваат обожувателите ќе се најдат мечот на Фродо, магичниот стап на Гандалф и хобитски стапала.

Kostim Nazgula

Се проценува дека хобитските стапала би достигнале цена од 10 илјади до 21 илјада евра, мечот го проценуваат на 150 илјади, а стапот на Гандалф околу 50 илјади евра.

Frodov mac

-Поминаа скоро десет години откако во кината се појави првиот дел од трилогијата, а за тоа време само неколку работи се продадени на аукција- вели Мартин Нолан, директор на аукциската куќа.

Galadrim kostim

Тој очекува сите предмети на аукцијата да бидат продадени за цена поголема од еден милион евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top