| четврток, 6 декември 2018 |

Шведскaта полиција водела досие „Скитници“ за Ромите

Svedska-policijaРегистарот со податоци за преку 4.000 Роми, кој бил воден во полицискиот компјутерски систем во јужната шведска покраина Сконе под заедничка ознака „скитници“, утре ќе биде една од темите во дебатата во ЕУ-парламентот посветена на ситуацијата на Ромите во Европа, јави МИА од Гетеборг.
Како појдовна основа за дебатата се најавени шведскиот регистар, како и жестоката дебата околу Ромите што се одвива во Франција во последно време. Еврокомесарот за правда Вивиан Рединг, која ќе учествува во дебатата, го коментираше шведскиот регистар, јави Шведската телевизија СВТ.
– Мораме да го знаеме и тоа дека Ромите, исто толку малку како и некои други граѓани, се ставаат вон законот. Доколку некој граѓанин, независно од неговото етничко потекло, постапува незаконски, тогаш е нормално земјата-членка да го повика на одговорност, вели Рединг.
Инаку, многумина од лицата кои се заведени во шведскиот ромски-регистар се неосудувани, а повеќе од 1.000 од нив се деца. Полицијата потврди дека таков регистар постои, но истовремено наведе оти за него не била добиена дозвола од страна на раководството на полицијата во Сконе.
Станува збор за регистар кој се состои од разгрането дрво со приказ на роднински лози, каде што податоци за матични броеви и адреси се комбинирани со стрелки што ги посочуваат роднинските врски меѓу регистрираните лица. Високи полициски службеници изразија уверување дека зад регистарот стојат одделни полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top