Пејачката Тамара Тодевска повторно е вљубена, а шпекулациите дека повторно е во врска со пејачот и продуцент Бертан Аслани ги подгреа неодамнешната нивна средба во едно скопско кафуле, пишува Вечер.
Низ чаршијата веќе по кој знае кој пати кружат гласини дека Тамара се смирила со бившото момче, а дека меѓу нив сѐ уште тлее љубов потврдува и нивни близок пријател.
– Несомнено е дека тие се сакаат и секое видување покрај за работата зборуваат и за деновите кога беа заедно. Но, ете, за жал, многу нешта се против нивната љубов и се посилни од желбата да бидат заедно. Дали се заедно или не, не знам, но беа пресреќни што се гледаат повторно – вели нивни близок пријател за „Вечер“.
Трите розови срценца и емоцијата дека се чувствува вљубено, кои Тамара ги објави на својот профил на „Фејсбук“, предизвикаа дополнителни сомнежи дека, сепак, има нешто во муабетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.