| четврток, 6 декември 2018 |

Пола Србија е за грев

Во анкетата изработена од Центарот за слободни избори и демократија во Србија, 52 отсто од испитаниците изјавиле дека живеат лошо или во неподносливи услови, а 64 проценти оцениле дека Владата ефикасно се справува во намалување на
корупцијата во Србија.

Според анкетата, пак, една третина од српските граѓани изјавиле дека Србија се движи во правилна социјално-економска насока.

Директорот на Центарот, Марко Благојевиќ истакна дека во декември минатата година 44 отсто од граѓаните изјавиле дека лошо живеат или неподносливо, а сега тој процент изнесува 52.

За 44 отсто од испитаниците основен проблем е невработеноста, за 15 проценти корупцијата и сиромаштијата. За најкорумпирани, граѓаните на Србија ги посочија лекарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top