САД и Русија се „многу задоволни“ од напредокот што досега e постигнат во уништувањето на сириското хемиско оружје, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
Тој се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Самитот на организацијата Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) на индонезискиот остров Бали.
Кери додаде сирискиот претседател Башар ал-Асад заслужава доверба за придржувањето кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која повикува на уништување на хемиското оружје во Сирија.
Според Кери, вчера започнатото уништување на сириското хемиско оружје е „добро на самиот почеток“.
Тој изјави дека со Лавров се договориле да ги повикаат ОН да се утврди датум за одржување на мировната конференција за Сирија колку што е можно побрзо, можеби уште во втората недела на ноември.
Лавров, од своја страна, изјави дека Русија ќе направи се што е можно за да гарантира дека Асад ја почитува Резолуцијата на ОН за уништувањето на хемиското оружје.
Според рускиот министер за надворешни работи, како што јави ИТАР-ТАСС, Дамаск без никави проблеми соработува со меѓународните инспектори во уништувањето на хемиското оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


