| четврток, 6 декември 2018 |

Патот до ЕП 2015 за Чешка, минува низ Израел, Португалија, Норвешка и Азербејџан

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе има тешка задача во новите квалификации за прв пласман на европско првенство и се најде во групата 8, по денешната ждрепка во Нион.

Патот до ЕП 2015 што ќе се игра во Чешка, за нас минува низ Израел, Португалија, Норвешка и Азербејџан. Тие четири селекции ќе ни бидат противници за пласман на шампионатот, а квалификациите почнуваат на 22. март годинава.

Само Македонија и Азербејџан од оваа група не играле на завршниот турнир. Израел е домаќин на ЕП 2013, а и Португалија и Норвешка од претходно играле на финалниот турнир на осумтте најдобри млади репрезентации во Европа.

На шампионатот во Чешка ќе играат победниците од бараж дуелите на 14 репрезентации, а во нив ќе учествуваат победниците од десетте групи што денеска беа извлечени во Нион, плус четири селекции што ќе бидат второпласирани со најмногу бодови. Домаќинот Чешка има право на автоматско учество на турнирот што че се игра во јуни 2015.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top