| четврток, 6 декември 2018 |

Барклис собра скоро 7 милијарди евра

barclaysБританската банка Барклис (Barclays) продаде речиси 95 проценти од новите акции и собра 5,8 милијарди фунти (6,9 милијарди евра), соопштија од банката.

Британскиот кредитор пред три недели започна нова емисија на акции, по барањето на британското регулаторно тело да го подобри основното ниво на капитал на три проценти од средината на 2014 година, пренесува Ројтерс.

Оваа банка, исто така, најави дека наскоро ќе ги продаде обврзниците вредни две милијарди фунти, а кои, во случај банката да има проблеми, би можеле да бидат конвертирани во акции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top