| четврток, 6 декември 2018 |

Брутално претепан Тетовчанец

tetovo24-годишниот Е.Ц. од Тетово, бил нападнат и претепан од четворица помлади момчиња на возраст меѓу 16 и 18 години.

А.С., М.Ј., И.Н., и Ф.И. сите од Тетово, го нападнале повредениот синоќа, во 01.20 часот на улицата Јане Сандански, удирајќи го со клоци во пределот на главата. Е.Ц. потоа бил пренесен во Медицинскиот центар во Тетово каде е задржан поради тежината на повредите.

Полицијата спровела разговор со напаѓачите и дополнително ќе поднесе соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top