| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовски полицаец земал мито за документи за легализација

полицијаСВР Тетово поднесе кривична пријава против С.П.(43) од Гостивар, поради основи на сомнение дека сторил две кривични дела: „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „примање поткуп“.

Пријавениот се сомничи дека во септмеври и октомври ја злоупотребил службената положба како вработен во СВР Тетово и на лице на кое му било одземено возилото поради сомнение дека учествувал во сообраќајна несреќа, во неколку наврати пријавениот од него земал поткуп за да му го врати возилото  и да му помогне во обезбедување царински и други документи за легализирање на возилото.

Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор од 30 дена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top