Иако Македонија спаѓа меѓу земјите со изразено ниска потрошувачка на електрична енергија на жител, кога ќе се спореди со развојот на економијата, трошиме и над 5 пати повеќе од развиените западноевропски земји, пренесува Телеграф.мк. Најголемите проблеми се јавуваат во квалитетот на изградбата на станбените згради, кои немаат добра термоизолација и се енергетски неефикасни. Со цел да се зголеми енергетската ефикасност според европски стандарди, Македонија воведува енергетски пасоши за јавните згради и енергетски контролори кои ќе ја контролираат енергетската ефикасност. Тоа е предвидено со измените на Законот за енергетиката и со новите подзаконски акти, кои веќе се донесени, но се чека да се обучи кадар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


