| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко ја одбрани титулата на поени и со четири нокдауни

klicko1

Владимир Кличко останува светски шампион во тешка категорија. Тој предмалку го победи Александар Поветкин на поени 119-108. Кличко доминираше во текот на целиот меч, а противникот 4 пати во 12 рунди беше во нокдаун.

Украинецот Владимир Кличко и рускиот борец Александар Поветкин се бореа за титулата светски шампион во тешка категорија. Кличко ги одбрани шампионските појаси и честа на украинската боксерска династија.

Кличко во мечот на деценијата против досега непоразениот Поветкин ги одбрани своите титули во IBF, IBO, WBO i WBA. Поветкин инаку го има појасот од WBO .
Украинециот е без пораз во рингот од далечната 2004 година кога со технички нокаут загуби од Лемон Брустер.

Владимир Кличко призна пред мечот дека вечерва во Москва ќе боксува против најквалитетниот противник што го имал откако е професионалец.
Поветкин е извонреден боксер со олимписко, светско и европско злато во аматерска конкуренција и до вечерашниот меч беше без пораз во 26-те професионални борби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top