Црногорецот Благое Ковачевиќ од градот Никшиќ пред седум години отворил фабрика за керамички сувенири во Кина, бидејќи во својата земја не можел да најде 200 луѓе кои ќе работат во неа, пишува подгоричкиот весник „Вјести“.
Ковачевиќ е првиот Црногорец кој регистрирал фирма за производство и продажба на сувенири со мотиви од Црна Гора. Негова желба била да отвори фабрика во својата татковина, но неговата идеја се покажала невозможна. Ниту во Црна Гора, ниту во Србија тој не нашол луѓе, способни да прават керамички сувенири, па затоа одлучл заедно со својот партнер да отвори фабрика во Кина.
– Не станува збор за поевтина работна сила. Едноставно тука нема луѓе кои сакаат да работат, истакна Ковачевиќ.
Тој додаде дека во Црна Гора моментно има околу 30.000 невработени, а ова лето во земјата работеле речиси истиот број сезонски работници од соседните држави.
Ковачевиќ никогаш не го посетил кинеското претпријатие, бидејќи има страв од летање со авион, меѓутоа им дава плата на 200 Кинези, кои успешно ја извршуваат работата. Тој ги снабдува со сувенири црногорскиот и српскиот пазар, а неговиот партнер е одговорен за БиХ и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.