Повеќе од 580.000 денари се собрани денеска на традиционален хуманитарен пикник кој трета година по ред го организира фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје.

Генералниот директор на „Алкалоид“ и претседател на Управниот одбор на компанијата Живко Мукаетов рече дека вработените на „Алкалоид“, како и членовите на нивните семејства, ја покажале нивната хуманост преку донирање 200 денари за маичка преку фондацијата „Трајче Мукаетов“.
– Како компанија ја покажавме нашата општествена одговорност со донирање 200 денари за маичка. Средствата ќе бидат донирани за новороденчињата на Клиниката за гинекологија, истакна Мукаетов.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Марија Хаџи Лега се заблагодари за донацијата и за несебичната поддршка и помош од страна на компанијата.
– Со донацијата значително ќе се придонесе во подобрување на грижата за новородените дечиња кои во најголем број доаѓаат на свет на Клиниката. Средствата ќе бидат употребени за подигнување на нивото на грижата за овие новороденчиња и тоа пред се за грижата за предвремено родените деца, додаде Хаџи Лега.

Во септември минатата година вработените на „Алкалоид“, како и членовите на нивните семејства ја покажаа хуманоста на дело до донација од 572.300 денари собрани во рамки на вториот хуманитарен пикник. Тие средства беа донирани за набавка на медицински материјали и опремување на одделите за детска онкологија и детска имунологија на Клиниката за детски болести.










Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци


