Тони Блер ќе ја турка албанската кампања за влез во ЕУ бесплатно. Така тврди албанскиот премиер Еди Рама кој вели дека и за асистентите на Блер кои ќе бидат стационирани во Тирана ќе се бара пари од меѓународни институции и организации.
Улогата на Блер ќе биде да лобира европски претставници а на прес конференциајта во Тирана на албанците им порача да немаат илузии дека влезот во ЕУ е лесна работа.
Албанија аплицираше за влез во ЕУ во 2009 година но досега преговорите беа осложувани поради виското ниво на корупција, организиран криминал и слаби демократски реформи.
Албаниците се надеваат дека со коректните избори оваа година имаат поголеми шанси за брз влез во ЕУ, пренесува Би – Би – Си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.