
Апелациониот суд во Белград ја укина мерката притвор на синот на газдата на телевизија Пинк кој пред извесно време усмрти девојка со својот автомобил. Одлуката на судот била конечна и наложил веднаш да се пушти на слобода.
Во образложението се наведува дека 20 годишниот Александар Митровиќ со престојувањето на слобода нема да влијае на сведоците, како и на судењето. Синот на Жељко Митровиќ ja прегази 17 годишната Андреа Бојаниќ со џип Бе Ем Ве Х5. Според изјавите на очевидци, возачот воопшто не сопрел со автомобилот при ударот и избегал од местото. Александар следното утро заедно со татко му се пријави сам во полиција.
Девојката која настрада ја минувала улицата на пешачки премин додека семафорот и покажувал зелено светло. Жељко изјави дека би го дал и животот за да може да го врати времето и да ја спречи трагедијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


