| четврток, 6 декември 2018 |

Мерием Узерли се враќа во Величествениот?

хурем33

 

Актерката Мерием Узерли ќе се врати во серијата Величествениот. По неколку месечна пауза поради влошената здравствена состојба на глумицата, но и поради нарушените односи меѓу неа и продуцентската куќа, стариот лик на Хурем најверојатно повторно ќе се врати на екраните, пишуваат турските медиуми.

Мерием соопшти дека веќе и е подобро и оти е подготвена за нови проекти, а од продукцијата порачаа дека размислуваат повторно да ја ангажираат старата Хурем, но и дека се подготвени да заборават на кавгите од минатото.

Во серијата Величествениот по неколку епизоди во кои недостигаше ликот на сопругата на Сулејман Величествениот, продуцентите се решија да ангажираат нова актерка која ќе ја игра улогата на Хурем. Сепак, замената на Узерли до сега сними само една епизода- последната од третата сезона. Фановите Мерием се надеваат дека од четвртата сезона нивната омилена актерка повторно ќе се врати во серијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top