Во недела на 6 октомври во живо, со директен пренос од 17 до 20 часот, на МРТВ 1 компјутерски софтвер ќе го изврши рангирањето на прворангираните 1600 граѓани од социјално ранливи категории кои ќе се вработат, соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
По емисијата во текот на следните денови сите апликанти ќе бидат и писмено известени за резултатите, односно дали се тие рангирани за вработување или не се.
Сакаме да истакнеме дека како што беше и најавено на почетокот на проектот, ќе биде водено сметка и ќе биде испочитувана правичната застапеност на етничките заедници во бројот од 1600 вработувања, во сооднос со учеството на етничката заедница во бројот на населението во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.