Градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, е добитник на наградата „Обединета Европа“ што ја доделува британската невладина организација со седиште во Оксфорд, „Европска бизнис асемблеја“, информира Општината.
Наградата, како што се наведува, му била доделена за личен придонес во развојот на европското интегрирање, преку менаџирањето на Општина Гостивар и е валоризација на неговите заложби за реформи во локалната самоуправа, транспаретност и намалување на корупцијата.
Европската бизнис асамблеја, е невладина организација со седиште во Оксфорд, корпорацијата за развој и управување со економска, социјална и хуманитарна соработка,
Со наградата „Обединета Европа“, се одликувани раководители кои со својата работа придонесуваат во подобрување на условите за живеење на заедниците во кои дејствуваат и кои негуваат европски вредности и ја доближуваат земјата кон таквите вредности, велат од Општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Се испотепаа ученици во Македонија


