| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Илинден сѐ поинтересна за домување

Близината на индустриските зони ја прават општината посакувана за живеење

Во општината Илинден лани се продадени 136 градежни парцели преку електронско јавно наддавање. Продадени се вкупно околу 227 метри квадратни, од кои 117 нови сопственици купиле над 50 илјади метри квадратни наменети за домување, додека 19 градежни парцели со вкупна површина од над 176 илјади метри квадратни се наменети за нови стопански објекти.

Најголемо интересирање, според општинските власти, имало за новата населба Јака. Плацевите за оваа населба биле интересни и за жителите на општината, но и од жители од други општини. Новата населба е на само 10 километри од центарот на Скопје, опфаќа 500 парцели за семејни куќи, трговски центар, хотели, забавен парк, спортски терени и простор за собири.

– По локалните избори Општина Илинден ќе продолжи со отуѓување на градежни парцели за изградба на нови стопански објекти во деветте локални економски зони, како и со реализација на Проектот за продажба на 500 парцели за изградба на семејни куќи во новата населба Јака.

Продавањето на плацевите по пат на електронско јавно наддавање ќе паузираат до завршување на локалните избори. Државната комисија за спречување на корупција, согласно режимот утврден со Законот за спречување на корупција, во периодот од денот на донесување на Одлука за распишување избори за избор на градоначалници и членови на советите на општините, посочува дека не може да се почне нова постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top