
Фолк-пејачката Татијана Стефановска се жали дека никому во државата не му е грижа за фолк-пејачите, па иако го минуваат животот веселејќи го народот, тие буквално живеат од денес за утре, без никакво осигурување или, пак, поддршка од државата, пишува Вест.
– Не знам точно кому да му се обратам, дали на премиерот, на министерката за култура или на некој друг, во мое, но и во име на голем број мои колеги. Ние, музичарите, особено фолк-пејачите, сме луѓе со посебна професија, создадени сите да ги развеселуваме, а на крај излегува дека на нашата држава не и е грижа за нас. Немаме ама баш никакво осигурување, никаква помош, речиси сите ние не сме ниту пензиски, ниту здравствено осигурени. Апелирам да се преземе нешто, да се отвори некое здружение, некоја фирма каде што ќе можеме да се регистрираме, редовно да си ги плаќаме обврските кон државата за на крај да можеме да очекуваме и пензија, вели Татијана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


