| четврток, 6 декември 2018 |

Како најплатениот фудбалер во светот ги заработува и ги троши своите милиони

Мислам дека поради тоа што сум богат, згоден и одличен фудбалер луѓето ми љубоморат. Немам друго објаснување, вели Кристијано Роналдо.

Додека другите фудбалери излегуваат со манекенки и снимаат реклами во долна облека, ниеден туѓ живот не е интересен како оној на Роналдо.

Минатата година тој заработи 42,5 милиони долари, што го прави деветтиот најплатен спортист на земјата.

Тој потпиша договор од кој ќе заработува по 23 милиони годишно сѐ до 2018 година, а со тоа стана најплатениот фудбалер во светот.

Кристијано заработува приближно 22 милиони годишно од надворешни ангажмани.

Со новиот договор со „Најк“ ќе добива по 8 милион годишно.

najk

Ако некогаш си замине од Реал Мадрид, тимот што ќе сака да го купи, ќе треба да плати ни помалку ни повеќе туку една милијарда долари.

Тој моментално е во врска со руската моделка Ирина Шајк. Тие летаат секаде заедно, а честа дестинација им е Њујорк бидејќи не го препознаваат сите.

irina sajk

Неговото големо хоби се автомобилите. Има „ламборџини авентадор“ од 300 илјади долари, а на листата можат да се најдат „бентли“, „порше“, „мерцедес“ и уште многу други автомобили.

lamborgini

Во 2009година тој во Манчестер го искрши своето „ферари“ вредно 320 илјади долари.

ferari iskrseno

Живее во куќа од седум милиони долари во околината на Мадрид, а исто така е и модел на „Армани“.

Роналдо има договор со компанијата за часовници „Џакоб& Ко“, а тој носи часовник од 160 илјади долари.

ronaldo saat

Неговиот изглед на убаво момче го направи еден од најомразените фудбалери на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top