Кинески хакери веќе четири месеци постојано го напаѓаат интернет-порталот на весникот „Њујорк тајмс“, јавува весникот во денешното издание. Напаѓачите, како што пишува во денешната сторија, се вовлекуваат во компјутерските системи, ги преземаат лозинките на репортерите и на друите вработени во куќата.
По неколкумесечно следење на напаѓачите и нивните постапки, стручњаци на „Тајмс“ и експерти за компјутерска безбедност работеле на градење подобри системи за блокирање, успеале да ги отстранат напаѓачите и да постават препреки што ќе им оневозможат повторно да се вратат
Времето во кое почнале да се јавуваат нападите, според „Тајмс“, се совпаѓа со времето, октомври минатата година, кога весникот на кинески и на англиски, објавил истражување со кое било откриено дека роднини на кинескиот премиер, Вен Џиабао, имале богатство вредно неколку милијарди долари, стекнато преку бизнис зделки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.