Парите што имигрантите ги заработуваат во странство и ги испраќаат на своите семејства во татковината се од поголема корист за земјите во развој отколку странската помош што ја добиваат. Се очекува т.н. имигрантски пари годинава да пораснат за 6,3 проценти, се наведува во извештајот на Светска банка (СБ).
До крајот на годината имигрантите дома ќе испратат 414 милијарди долари. Во 2016 година сумата ќе се искачи над 500 милијарди долари. Земјите во развој странска помош добиват во висина од 126 милијарди долари.
СБ истакнува дека најмногу пари од имигрантите добива Индија (71 милијарда долари), потоа Кина (60 милијарди), Филипини (26), Мексико (22 милијарди), Нигерија (21 милијарди) и Египет (20 милијарди). За некои земји парите од имигрантите имаат големо значење. Така, на пример, имигрантските пари се половина од домашниот бруто-производ во Таџикистан, 31 проценти од БДП на Киргистан, 25 отсто од БДП на Непал и на Лесото и 24 проценти од БДП на Молдавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Светска банка вели дека гастербајтерите праќаат сè помалку кеш во Македонија – еве зошто
-
После галопирачкиот раст на економијата претходните години, Македонија лани немала никаков раст
-
СБ прогнозира 2,7 отсто раст на глобалната економија оваа година