| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо на порноѕвезда до неродениот син: Се надевам дека никогаш нема да видиш што сум работела

aurora snou

Поранешната порноѕвезда Аурора Сноу, која денес работи како колумнистка во „Дејли бист“ напиша писмо до нејзиното неродено дете во кое сака да му објасни зошто се занимавала со снимањео порнографски филмови. Прочитајте што напиша порноглумицата во писмото:

„Сине мој,

додека го пишувам ова, ти уште не си дојден на овој свет, треба да бидеш роден дури во декември. Во моментот кога ќе го читаш ова ќе бидеш доволно голем да сурфаш на интернет, доволно возрасен да размислуваш за девојки, доволно возрасен да знаеш за името Аурора Сноу. Се ужаснував од овој ден и тоа што сакам е да го пронајдеш овој текст пред случајно да наидеш на која  било слика или видео која ја прикажува твојата мајка на начин на кој никогаш не сакав да ја видиш. Дозволи да ти објаснам.

Твојата мајка порасна многу сиромашна. На почетокот на 2000 година одев во училиште и иако бев примерен ученик, тапкав во долгови. Фрустрирана и во страв дека високото образование ми бега од раце, се јавив на еден оглас во локалните весници. В очи ми падна една цифра: позирање голи девојки – заработете 2000 долари на ден. Не бев срамежлива и ми требаа пари. Бев сигурна дека никогаш нема да имам свое семејство. Тоа беше време кога сите не беа онлајн и мислев дека тоа може да се прикрие од мама, тато и браќата. Што можев да загубам? Планирав да се занимавам со тоа една година, да ги вратам долговите и да заминам без да се завртам. Но не излезе така.

Ми годеше вниманието. Парите беа неверојатни. Но, и покрај вниманието, никогаш не мислев дека сум убава. Секој момент мислев дека ќе сфатат дека згрешиле, ќе бараат да си одам дома и да донесам згодна девојка на сет. Но, не бараа. А голото позирање наскоро ме одведе до тоа некој да побара да се сексам за пари пред камери. Уште повеќе пари. Прифатив и тој договор ме одведе на многу возбудлив и шаренолок пат на снимање филмови за возрасни.

Од причина која никогаш нема да ја сфатам бараа да продолжам со снимање. Наскоро бев на кориците на кутиите, на постери, дури и на некои телевизиски шоуа. Твојата прабаба беше прва која ја откри мојата професионална тајна (ме видела на видео касета кај пријателот) и брзо ги известила твојата баба и вујковци. Иако беа разочарани од мојот избор, никогаш не престанаа да ме сакаат и продолжија да ме поддржуваат.

Твојата баба сметаше дека треба да работам нешто со своја глава, а не со тело. Се грижеше и секогаш се надеваше дека ја оставам таа работа. Никогаш отворено не зборував за тоа со твоите вујковци. Твојот дедо живее во друга држава и дозна што правам откако ме видел во шоуто на Хауард Стерн. Кога ќе се сетам на тоа, прилично ми е драго што бев една од ретките девојки во неговото шоу кои ја задржале облеката на себе. Останав скромна на снимањето.

До овој момент во твојот живот се надевам дека сум те научила колку е важна искреноста, што значи дека сега ќе бидам искрена кон тебе. Во својата кариера направив сѐ што човек може да замисли и ако копаш, можеш да пронајдеш некои работи за кои ќе мислиш дека се навистина одвратни. Можам искрено да речам дека на сето тоа му пристапив како на работа и како во секоја друга работа која сум ја работела, имав потреба да дадам сѐ од себе. Понекогаш тоа што добро ја работам својата работа значело да работам некои одвратни работи. Се надевам дека никогаш нема да ги видиш.

Но, нешто што ми го промени животот се случи на 20 февруари 2009 година. Твојот вујко Кит имаше сообраќајка со мотор во која го скрши вратот и јас му помагав во грижата за неговите двајца синови. Немам поим што да правам со деца, но бев присилена да научам да се грижам за нив додека Кит заздравуваше. Во тој период нешто се промени. Почувствував дека нешто силно во мене се случи кога еден од внуците ги стави рацете околу мене и ме прегрна, доверувајќи ми го животот и давајќи ми безусловна љубов. Одеднаш сфатив дека сакам сопствено семејство.

Никогаш не верував во љубов и бев преплашена до смрт од  кој било или што било би ме врзало. Бев со слободен дух и знаев дека можам да отидам каде сакам, но тоа ми стана неважно кога сфатив што пропуштам. Приоритетите ми се променија. Повеќе не сакав да прифаќам сѐ, наместо тоа станав жена со цел. Сакав семејство, но прво требаше да најдам некој со кого би имала. А, тоа не беше лесна задача. Пријател ме запозна со драго момче кое, исто така, беше во шоу-бизнисот, работеше на телевизиски шоуа. Беше топол, шармантен и прилично ориентиран кон семејството.

Иако сакав да излезам од се, тешко е да се промениш по десет годиини посветени на кариера, без оглед на тоа што е во прашање. Твојот татко го препозна кругот од кој не можев да излеза и ми рече: „Само притисни копче за исфрлање“. Беше совет кој конечно бев подготвена да го чујам. Прв пат имав храброст да ја напуштам оваа работа.

Сине, се надевам дека овој текст ќе ти помогне да сфатиш и да те спречи да отвориш линкови со ххх содржини. Одлуките кои ги носиме можат да ни ги променат животите засекогаш на начин на кој не размислуваме во тој момент. Донесов одлука која ме одведе на пат од кој многу се срамам. Тоа се одлуки кои сега му ги објаснувам на своето дете. На крај, сѐ се сведува на одлука. Да знаев дека еден ден ќе се премислам и ќе посакам да имам сопствено семејство, ќе донесев поинакви одлуки. Не велам дека би биле подобри затоа што секоја донесена одлука ме довела до ова каде што сум сега и тоа не би го променила за ништо. Кога имаш 18 години, лесно е да ја видиш иднината и да знаеш точно што сакаш и што не сакаш, но десет години подоцна некои работи се менуваат.

И затоа, кога ќе донесуваш големи одлуки, сети се да погледнеш во иднината и да се запрашаш: „Ќе можам ли да живеам со тоа?“ Мојот одговор е во ова писмо за кое се надевам дека говори само за себе.

Те сака, мама.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top