Осум конци, патерици и модринки по главата е резултатот кој манекенката и диџејка Цеце Митева го доби во обид да ја обрани својата другарка. Таа закрепнува од повредите кои ги доби минатиот викенд во тепачка во дискотека во Градскиот парк во Скопје, пренесува весникот Вест.
– Со уште две другарки седевме во диско, на сепаре. Едната замина на друго сепаре да се поздрави со некого. По некое време другата другарка ми вели, леле, има некоја турканица на сепарето. И, нормално, двете се стрчавме да видиме што се случува. Не можеш да седиш мирен ако другарка ти е во неволја – раскажува Митева.
Таа веднаш се стрчала кон нив во обид да помогне.
– „Како не ти е срам да туркаш девојка“, му реков на едниот и тој ме нападна. Прво ме бутна накај шанкот, па со шише замавна кон мене, и шишето се скрши од шанкот. Ми пријде, ме фати за коса и ме турна. Паѓајќи, со боса нога згазнав врз скршеното шише. Стаклото ме исече на стапалото до коска. Додека да дојде обезбедувањето, тој ме кубеше за коса, ме удираше, и едвај го тргнаа – додава таа.
Целата приказна може да ја прочитате во електронското издание на Вест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.