Продуцентите на филмот „Дајана“, каде што Наоми Вотс ја толкува улогата на британската принцеза, имаат проблем со лошиот маркетинг. Првите рецензии за филмот го оценуваат негативно, а д-р Хансат Kан, љубовникот на Дајана, кој во филмот го глуми Нивен Ендрус, силно и отворено го критикува филмот во јавност.
Но, и најголемите бранители на филмот не можат да останат рамнодушни на фактот што на пет чекори од тунелот во кој загина принцезата е поставен огромен билборд со плакат кој го најавува филмот „Дајана“.
Откако почнале да пристигнуваат поплаки, „Le Pacte“, францускиот дистрибутер за филмот регирал со симнување на плакатот од тој билборд и изјавил дека изборот бил несреќна коинциденција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст