Мештаните од тетовско Џепчиште повторно беа сведоци на сквернавење на гробовите на починатите роднини. Кршењето надгробни плочи, крстови и други предмети, е слика која често, речиси барем еднаш годишно ја затекнуваат жителите на ова место. Лани во април биле искршени 5-6 надгробни плочи, а според мештаните тоа го прават деца на 14-15 години. Семејствата чии гробови се оштетени, не пријавиле во полиција, сметајќи дека како во сите досегашни случаи, нема да се најдат сторителите. Освен гробиштата чести се оштетувања и кражби во двете цркви во селото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


