Престанокот со работа на американската Aдминистрација поради немањето буџетски средства ја нарушува довербата на сојузниците кон САД и тие почнуваат да си поставуваат прашања, изјави американскиот министер за одбрана Чак Хејгл за време на посетата на Јужна Кореја.
– Ова сериозно го нарушува авторитетот на САД од гледна точка на нивните сојузници. Ова влијае врз нашите мисии низ светот. Ова влијае врз нашите сојузници кои се прашуваат за нашиот ангажман, предупреди Хејгл, непосредно откако беше соопштено дека дел од службите на федералната влада ја прекинуваат работата.
По Јужна Кореја шефот на Пентагон ќе ја посети Јапонија. Неговата турнеја има за цел да го нагласи ангажманот на САД во регионот, по повиците на Сеул упатени до Вашингтон да ги остават јужнокорејските вооружени сили под своја команда за време на војна – пракса која е предвидено да заврши во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


