Единствените македонците што играат во фазата ТОП 16 од кошаркарската Евролига вечерва се среќаваат во Пиреја во жежок меч по повеќе основи. За нас е интересен дуелот на важните членови на нашиот репрезенативен тим, центарот Перо Антиќ му е домаќин на плејот Бо Меккејлеб, за Грците и Турците тоа е средба со првиот сосед и вечниот непријател, а за Олимпијакос и Фенербахче многу влијателен натпревар преку кој се обезбедува учество во четвртфиналето.
Актуелниот европски првак е во поповолна позиција пред средбата од 20.45 во салата Мир и пријателство во Атина бидејќи има две победи и три порази, но не смее да загуби бидејќи конкурентите може да побегнат на два триумфа разлика, и плус, денешниот гостин кој има ефект 1-4 ќе биде повлечен кон позициите кои обезбедуваат елиминации.
Олимпијакос во моментов е повисоко пласиран од Фенербахче во групата Б од главниот групен сегмент во Евролигата, но затоа Бо Меккејлеб има подобри бројки и просек од репрезентативниот пријател. Тој досега дава по 12,6 поени по средба комбинирани со 2,2 скока, 2,3 асистенции и 1,5 украдени топки за 25 минути на терен, додека Перо Антиќ постигнуваше по 5,6 поени и имаше 3,5 фатени топки во 18. минути поминати на паркет во просек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


