| четврток, 6 декември 2018 |

Масовно хакирање и бришење на фејсбук профили во Македонија

Најмалку десетици профили на социјалната мрежа Фејсбук се нападнати во текот на вчерашниот ден и денеска од вирус кој што на засега непознат начин влегува во личните профили по што тие не се под контрола на корисниците.

Вчера попладне и утрово  системите за заштита на Фејсбук почнаа да праќаат пораки на овластената емаил адреса дека некој се обидува да влезе во личните профили на корисниците или дека некој од непозната локација веќе влегол на вашиот профил. Препораките од заштитните програми бараат веднаш да се промени шифрата за влез.

Друг проблем со кој се соочуваат дел од корисниците на оваа најпопуларна мрежа која во Македонија има речиси еден милион профили е ненадејното бришење на профилите без никаква најава, што експертите го поврзуваат со вирусот кој пред неколку недели се рашири со голема брзина. Препораката од експертите тогаш беше дека не треба да се прифаќаат нови барања за пријателство од профили кои веќе ви биле пријатели.

Дел од проблемите со кои се соочуваат деновиве македонските фејбук корисници пред два дена беа опишани и во американските медиуми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top